ТИРЕНСКО МОРЕ – ИТАЛИЈА СО ПОСЕТА НА НЕАПОЛ

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
previous arrow
next arrow
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
previous arrow
next arrow

Подгответе се за незаборавно летно искуство покрај магичните брегови на Тиренско Море – дел од Медитеранот познат по својата кристално чиста вода, песочни плажи и романтични зајдисонца.
Овој регион ги спојува природната убавина, историјата и вистинската италијанска атмосфера, создавајќи совршена дестинација за одмор и уживање.

Тиренско Море – што го прави посебно?
Тиренското Море се протега долж западниот брег на Италија и е опкружено со некои од најубавите региони како Кампанија и Тоскана.

Познато е по:
-тиркизна и топла вода;
-долги песочни плажи и скриени заливи;
-близина до острови како Капри и Искија;
-автентична италијанска кујна и опуштена атмосфера;

Неапол – срцето на јужна Италија
Ќе имате можност да го посетите живописниот град Неапол – град со душа, историја и енергија.
-родното место на пицата
-поглед кон вулканот Везув
-богато културно наследство и тесни улички полни со живот
-комбинација од хаос и шарм што ќе ве освои на прв поглед


Сместување – удобност и релаксација
Вашиот престој ќе биде во хотелот Cumeja Beach & Club Hotel 4* , лоциран директно покрај море.

Ова патување е совршен спој на море, култура и италијански стил на живот.

Дозволете си лето кое ќе го паметите!

Што е вклучено во цената

  • 5 ноќевања на база на BB ( појадок  );
  • Директен лет на релација : Скопје – Неапол – Скопје;
  • Авио билети;
  • Рачен багаж до 8кг – ( Wizz Air димензии 40x30x20 );
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад ;
  • Користење на лежалки на плажа
  • Посета на Неапол

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински и чекиран багаж ( информации и плаќање во агенција);
  • Туристичка такса ( се плаќа на лице место);
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување;
  • Факултативни излети за посета на Капри,Амалфи и Поситано – ( за нив се пријавувате на лице место );
  • Доплата за single room -200 е (12400,00 ден.)

План и програма

ПРВ ДЕН

Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Неапол, организиран трансфер до хотелот и сместување.

ВАЖНО:
ЛЕТОВИТЕ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ТЕРМИНИ СЕ СЛЕДНИТЕ:
SKOPJE – NAPLES ( 16:30 PM )
NAPLES – SKOPJE ( 18:45 PM )

ВТОР ДЕН – ПЕТТИ ДЕН

Овие денови се предвидени за уживање и индивидуални активности , како и за еднодневна посета на Неапол.
Денот предвиден за посета на Неапол , се одредува дополнително на лице место.
Воедно препорачуваме и  посета на некои од факултативните излети како што се : Капри,Амалфи,Поситано.
За овие факултативи се одлучувате на лице место. Пријавување и резервација не се прави во канцеларија.

ШЕСТИ ДЕН

По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје

Сместување

CUMEJA BEACH CLUB & HOTEL 4*

СМЕСТУВАЊЕ КОЕ ПРАВИ РАЗЛИКА
Вашиот одмор ќе биде во Cumeja Beach & Club Hotel 4* – место каде релаксацијата е загарантирана:

Совршен баланс помеѓу мир и уживање

Локација директно покрај море

Приватна плажа и базен

Италијанска кујна и пријатна атмосфера

  • Локација директно покрај море
  • Приватна плажа и базен
  • Италијанска кујна и пријатна атмосфера
  • Совршен баланс помеѓу мир и уживање

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОСТАПНОСТ И ЦЕНА ВО АГЕНЦИЈА

Термин
Од 17.06.2026 До 22.06.2026

Термин
Од 01.07.2026 До 06.07.2026

Термин
Од 17.07.2026 До 22.07.2026

Термин
Од 04.09.2026 До 09.09.2026

Важно

Летовите за сите четири термини се следните:
SKOPJE – NAPLES ( 16:30 PM )
NAPLES – SKOPJE ( 18:45 PM )

Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена;

Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци;

Сместувањето е во само 1/2 тип на соби (се сместуваат две лица)

Доколку се сместат 1 возрасен и 1 дете до 11,99 год се плаќаат две цели промо цени – дополнителен попуст за деца нема.

Доплата за single room -200 е (12400,00 ден.)

Појадок: 08:00ч. – 10:00ч.- на база на шведска маса

ЕСКЕЈП