Кипар – остров на сонцето, љубовта и легендите
Кипар (грчки Кипар) е медитерански бисер каде што античката историја, кристално чистото море и модерниот начин на живот се спојуваат во совршена хармонија. Островот на Афродита нуди топла клима преку целата година, прекрасни плажи со златен песок, шармантни традиционални села и живописни градови како Лимасол, Ларнака и Пафос. Со својата грчка култура, вкусна медитеранска кујна и гостопримливи луѓе, грчкиот дел на Кипар е идеална дестинација и за релаксација и за авантура.
Ексклузивно, 5 термини, со директен лет од Скопје со сигурна реализација
Што е вклучено во цената
- 7 полупансиони во Аја Напа
- Директен лет на релација Солун–Ларнака -Солун
- Организиран трансфер Скопје – Солун – Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm; (дозволено едно парче багаж)
- Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
Што не е вклучено во цената
- Доплата за кабински и чекиран багаж (информации во агенција)
- Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
План и програма
Прв ден
Состанок на патниците пред Хотел Русија во договореното време. Организиран трансфер до аеродромот во Солун и обратно.Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Ларнака, организиран трансфер до хотелот и сместување.
Втор – седми ден
Овие денови се предвидени за уживање на островот, за плажа, за прошетки, и секако, препорачуваме да посетите некој од факултативните излети до Никозија, Аја Напа, и секако, крстарење.
Осми ден
По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот.
Сместување
29.05.2026-05.06.2026- Pierre Anne Beach Hotel Ayia Napa
12.06.2026-19.06.2026 – Pierre Anne Beach Hotel Ayia Napa
03.07.2026-10.07.2026 – Pierre Anne Beach Hotel Ayia Napa
27.07.2026-03.08.2026 – Хотел 3*
17.08.2026-24.08.2026 – Хотел 3*
Термин
Од 29.05.2026 До 05.06.2026
Термин
Од 12.06.2026 До 19.06.2026
Термин
Од 19.06.2026 До 26.06.2026
Термин
Од 03.07.2026 До 10.07.2026
Термин
Од 27.07.2026 До 03.08.2026
Термин
Од 17.08.2026 До 24.08.2026
Важно
Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена
Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци
Доплата за дете до 11.99 години – (намалување 100 евра од промотивната цена за возрсни)
Време на летовите:
29.05.2026 (Солун – Ларнака – 22:40) – 05.06.2026 (Ларнака – Солун – 19:50)
12.06.2026 (Солун – Ларнака – 22:40) – 19.06.2026 (Ларнака – Солун – 19:50)
03.07.2026 (Солун – Ларнака – 22:40) – 10.07.2026 (Ларнака – Солун – 19:50)
27.07.2026 (Солун – Ларнака – 14:30) – 03.08.2026 (Ларнака – Солун – 11:40)
17.08.2026 (Солун – Ларнака – 14:30) – 24.08.2026 (Ларнака – Солун – 11:40)
Факултативни излети
Посета на Никозија
Цена за пакет: Дополнително
Се посетува стариот град во Никозија – опкружен со неверојатен, совршено кружен ѕид, испрекинат со бастиони кои го прават градот да изгледа како ѕвезда одозгора. Ѕидовите биле изградени од Венецијанците во 16 век и сè уште се недопрени. Елефтерија плоштадот -и нтересно е како модерниот плоштад проектиран од Заха Хадид – топ 35 проекти, го одделува модерниот дел од градот од стариот дел на градот. Лаики Геитонија – Тоа е пешачка зона со градби од 18 век и комбинација од станбени куќи, уметнички продавници и таверни, Светата црква на Архангел Михаил – Прекрасен пример за франко-византиска архитектура каде ќе видите неверојатна вистина во внатрешноста на црквата, музејот за историја , како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопствеништво на Кипарската православна цркава. Слободно време за ручек/кафе во една од традиционалните таверни во Кипар или посета на Шаколас Кулата по избор или шопиг низ уличките на Никозија. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот со поглед на 200 метарско севернокипарско знаме. Посета на Карвансарајот Бујук Ан и единствената готска Селимије Џамија која претходно била православна црква.
Крстарење
Цена за пакет: Дополнително
Препорачуваме крстарење околу островот, со кој посетувате неколку плажи…















