БРАЗИЛ – РИО ДЕ ЖАНЕИРО

20.01.2026.

10 ДЕНА

РЕГУЛАРНА ЦЕНА 1849 ЕВРА

RIO-DE-JANEIRO-BRAZIL-COVER
RIO-DE-JANEIRO-BRAZIL-COVER
previous arrow
next arrow

Одмор од соништата меѓу кариоките (жителите на Рио), најпознатите плажи на светот Копакабана и Ипанема во комбинација со звуците на боса нова, самба и фудбал на улиците, возбудлив ноќен живот, капирињи… Cidade de Deus!

Bom diaРио де Жанеиро! За сите љубители на вистинскиот хедонизам, опуштање во најпосетениот град на јужната хемисфера. Град кој ќе ве импресионира! Атмосферата која во градот ја прават неговите жители, кариоките, не може да се сретне на ниеден друг меридијан. Инаку, бразилската култура е богат микс на португалски влијанија, локални индијански традиции и примеси на културата од африканските робови кои биле тука носени во периодот на колонијализмот. 

Главните обележја на градот Рио се секако статуата на Христос Спасилтелот и Шеќерната глава. Најубавиот дел од патувањата е гласното wow што ќе го викнеме кога за прв пат ќе видиме нешто фасцинантно, а статуата на Христот Спасителот е дефинитивно едно од тие гласни wow!

Живописната планина Корковадо го надгледува весело и опуштено населението на Рио. На височина од 700 метри се наоѓа познатата статуа до која се пристига низ прашумата Тижука. Прашума која завзема речиси десеттина од територијата на Рио и ја нарекуваат „белите дробови на градот“. Поминуваме низ егзотичен зелен свет. Ретки билки, необични птици и чудни животинки кои ни го сечат патот како бразилски ракун или капучински мајмуни… Го посетуваме спортскиот бисер на Рио, стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950 година шокантно им избега титулата светски првак. Денот ќе го разведриме со боите на Самбодромо, местото од кое почнува познатото дефиле во Риo односно карневалот кој со децении важи за планетарен спектакл.

Го посетуваме боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови.

Шеќерната глава е интересен момент кој не може да се изостави, бидејќи од каде и да сликате, таа се појавува во кадар. Ги истражуваме спектакуларните места кои нудат незаборавни фотографии како Pedra do Telegrafo каде бескрајно сината и зелена боја се сливаат во раскошна вегетација. Копакабана е причината зошто милиони луѓе се заљубуваат во Рио. Околу нас има илјадници хотели, кафулиња, ресторани, песок и море – идеална комбинација за сите ваши сетила. Се рекреираме на плажа со одбојка или фудбал. Фудбалот се игра од утро до мрак на улиците и плажите. Покрај плажата се наоѓа препознатливото шеталиште чиј мозаици во облик на бранови ги изработил бразилскиот архитект Роберто Маркс.

Рио де Жанеиро или како што уште го нарекуваат cidade maravilhosa – волшебниот град е урбана џунгла, опкружен со ридови, дождовни шуми, рајски плажи и океан. Мешавина на вкусна храна, тропско овошје и каипирињас. Звуци на самба, боса нова и бранови. Велат дека барем еднаш во животот треба да го посетите Рио, затоа што магијата што се чуствува низ градот не може да се опише со слики и зборови, а штом еднаш ќе го посетите, градот остава белег во вас и повторно ќе ве повикува назад на повторна средба, помеѓу бранови, златна светлина, каипириња и самба…

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) .

Што е вклучено

Сместување

Scorial Rio Hotel Пример  7 ноќи


Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Франкфурт (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франфкурт – Рио Де Жанеиро (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рио – Франфкурт (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт – Скопје (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Фавела, фабрика за маски и училиште за Самба

Цена: 85,00 EUR

Започнуваме со посета на една од нашите омилени фавели на јужната зона на Рио де Жанеиро! Се движиме по тесни улички, со шарени куќи и се запознаваме со локалниот живот во Рио. После тоа ја продолжуваме нашата авантура со посета на една од карневалските фабрики, каде ќе имаме можност да ѕирнеме зад сцената на најголемата светска забава на отворено, карневалот во Рио. Гледаме како целиот град се спрема за овој настан и како цела фабрика работи со полн-погон. Учиме повеќе за значењето на маските и за процесот на правење на истите, процес кој трае околку 12 месеци. Време е да танцуваме во ритамот на самбата додека го дегустираме познатиот бразилски коктел Кајпириња!! Се надеваме дека сте спремни да научите повеќе за Самба — посетуваме и училиште каде гледаме како локалците се спремаат за Карнивал и го спремаат перформансот на овој познат танц.

Шеќерна глава, Олимписки булевар и стадионот Маракана

Цена: 90,00 EUR

Заминуваме на другата страна на Рио и ја посетуваме прочуената Шеќерна Глава, која се наоѓа над заливот Гуанабара, чиешто име го симболизира издигнувањето на островот од заливот – кој е дел од атлантскиот океан. Планината го добила ова име поради нејзиниот облик, а Бразил е најголемиот извозник во светот токму на шеќер. Баш оттука е и прочуениот поглед на областа Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа следи посета на боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови. Одиме на обилен бразилски ручек каде можете да вкусите автентични јадења како што се на пример феижоаде (црн грав), мокеке (“бразилска паеља“), pao de queijao (пециво со сирење), но и многу други Бразилски деликатеси. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. Некогаш големите хангари, неодамна се искористени за израз на алтернативна уметност. Графитите го отсликуваат олимпискиот дух и планетарно заедништво во автохтон стил. Продолжуваме кон спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти е стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950. година шокантно им избега титулата светски првак.

Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и билет за жичарница за Шеќерната Глава.

Во цената не е вклучен: ручек, влезница на стадионот – Maracanã

Статуата на Исус Христос Искупителот, Дона Марта и Лaге

Цена: 80,00 EUR

Овој ден го започнуваме со статуата на Исус Христос Искупителот на ридот Корковадо која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е сместена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од која се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Доколку временските услови ни дозволат денот ќе го разведриме со погледот од видиковецот Vista Chinesa, кај градбата која ја подигнале кинески имигранти на местото каде уживале во опиум бегајќи од тешката работа во хациендите околу Рио. Одиме и до видиковецот Дона Марта, од каде имаме панорамски поглед над градот, оттука ги забележуваме Шеќерната глава, стадионот Маракана, заливите Гуанабара и Корковадо. На крајот од денот се одмараме во зеленилото на паркот Лaге, или „Паркот на лагите“, каде што има прекрасна вила од почетокот на минатиот век што еден богат индустријалец и ја подарил на својата сопруга за таа да има простор за одржување на нејзините музички настани. Се шетаме и уживаме во зеленилото на овој парк.

Во цената на излетот е вклучено: транспорт, локален водич и билет за воз до статуата на Исус Спасителот.

Pedra do Telegrafo

Цена: 55,00 EUR

Место кое доживеа планетарна популарност благодарение на фотографиите кои се прават тука! На ова место некогаш постоела опсерваторија која ја користеле поморските сили во текот на Втората светска војна. Денес ова место го посетуваат бројни туристи и уживаат во автентичниот трекинг до видиковецот. Погледот и фотографиите кои ќе ги направите со сигурност ќе Ве остават без здив. Бујното зеленило и магичната вегетација, океанот и плажите го прават овој предел многу живописен. Во зоната Telegrapho не е дозволено движење на туристички автобуси и затоа се користи превоз со комбе. На враќањето ќе свратиме до најшарената продавница Havainas и на освежувачко асаи.

Градот Петрополис

Цена: 90,00 EUR

Денот го користиме за посета на царскиот град Петрополис. Гратче на периферијата на Рио кое важи за најбогато и најбезбедно место во Бразил. Подигнат е во чест на Педро II, последниот бразилски цар, кој со Бразил владеел 58 години. Овој град го красат мноштво театри, музеи, галерии и палати. Дури и најпознатата бразилска пивара се наоѓа во овој град. Градот е познат и по својот мултикултурализам со оглед на тоа што таму живеат големи заедници на германци, јапонци, италијани, и сл.. Во овој град се чуваат и спомените на бројните познати граѓани како книжевникот Стефан Цвајг или пионерот на авијацијата Алберт Сантос – Димон и нивните куќи биле претворени во вистински музеи. По прошетка во овој град ги посетуваме царскиот музеј и претседателската палата Рио Негро.

Scorial Rio Hotel ****

Scorial Rio Hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Scorial Rio Hotel е хотел со 4* (по локална категоризација) во Рио де Жанеиро, Бразил. Хотелот се наоѓа на одлична локација на само 5-10 минути пешки од плажата Flamengo, а близу до хотелот има и метро станица која го поврзува хотелот со целиот град. Хотелот има сопствена руфтоп тераса со панорамски поглед над Рио, 2 базени, бар, ресторан, фитнес центар и сауна. Се сместуваме во двокреветни соби со телевизор, пешкири, фен, минибар, и WiFi интернет. 

Услугата е на база ноќевање со појадок,

 Вебсајтhttps://scorial.com.br/

 АдресаR. Bento Lisboa
155 – Flamengo
Rio de Janeiro – RJ
22221-010
Brazil