РИМ ВО НОЕМВРИ 2026

1
2
3
4
5
previous arrow
next arrow
1
2
3
4
5
previous arrow
next arrow

07/11/2026 10/11/2026

Ден 1
Сабота
1 ден (07.11.2026 – сабота) | Скопје – РимСостанок на групата на скопскиот аеродром. Полетување за Рим во 15:55 часот. Пристигнување во Рим во 17:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.


Ден 2
Недела
2 ден (08.11.2026 – недела) | Тиволи, Рим (Колосеум – однадвор)Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.


Ден 3
Понеделник
3 ден (09.11.2026 – понеделник) | Рим (Разглед и Ватикан)Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) – Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.


Ден 4
Вторник
4 ден (10.11.2026 – вторник) | Рим – СкопјеПојадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (слободни прошетки, кафе, шопинг …) Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 16:20 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 18:05 часот.

Во цената на аранжманот е вклучено:

Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
Аеродромски такси
Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* (централно подрачје)
3 ноќевања со појадок;
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;


Во цената на аранжманот не е вклучено:

Доплата за 20 kg багаж (куфер);
Доплата за еднокреветна соба – 105 €
Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден ( се плаќа во агенција )
Билети за јавен превоз со метро;
Патничко осигурување;
Цени за дополнителни екскурзии :

Организиран разглед на Рим со локален водич – 25 €;
Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела – 70 € (со локален водич и влезница)
Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este – 70 €;


Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на арнжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.За реализација на истите потребно минимум од 16 лица. ЗАДОЛЖИТЕЛНO ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МИНИМУМ ЕДНА ЕКСКУРЗИЈА !

Општи напомени:
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на дополнителните екскурзии, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на Марина Травел и Т.А. Атлантис