1-ВИ МАЈ ВО ШПАНИЈА

2
1
3
4
5
6
7
previous arrow
next arrow
2
1
3
4
5
6
7
previous arrow
next arrow

ШПАНИЈА – КОСТА БРАВАБАРСЕЛОНА

25.04.202602.05.2026 | 7 ноќи – 8 дена | Полу Пансион | ГАРАНТИРАНИ места!

Индивидуална авионска програма со директен лет од Скопје✈

 

Авионски лет:    WIZZ AIR (Скопје – Барселона – Скопје)
Поаѓање:25.04.2026 – сабота во 18:00ч. (Скопје)
Пристигнување:25.04.2026 – сабота во 20:50ч (Барселона)
Сместување:Хотел 4* во Коста Брава 
Услуга:7 ноќевања на ПОЛУ ПАНСИОН во хотел 4* + вклучено вода и вино со вечера
Друго вклучено:Трансфери + вклучен посета на Барселона
Враќање во Скопје:02.05.2026 – сабота навeчер (околу или после полноќ).

ШПАНИЈА | КОСТА БРАВА | БАРСЕЛОНА

Сместена северно од прекрасната Барселона, Коста Брава е една од најпосакуваните и најпосетувани туристички региони за одмор во Шпанија. Со своите златни песочни плажи, скриени заливи со тиркизно сини води, шармантни и опуштени крајбрежни села, како и со свежата медитеранска кујна, оваа област нуди совршена комбинација од релаксација и забава.

Градчињата Калеља, Пињеда де Мар, Санта Сузана, Малграт Де Мар, Бланес, живописниот и секогаш забавен Лорет де Мар се меѓу најпопуларните одморалишта во овој дел од Шпанија, познати по својата топла гостопримливост, модерни хотели и активности за сите возрасти. Долгите прошетки покрај морето, извонредната гастрономска понуда и богатата културна историја се само дел од она што ја прави Коста Брава посебна.

Дополнителен бонус е близината на каталонската убавица Барселона – само на кратко растојание, на помалку од 1 час возење со директен воз можете да го истражите овој космополитски град, познат по архитектонските ремек-дела на Гауди, богатата уметничка сцена и динамичниот ноќен живот. Возовоите од летувалиштата во Коста Брава се обраќаат кон Барселона во текот на целиот ден, со што овозможуваат лесна и евтина достапност на овој град со непроценливо архитектонско, уметничко и културолошко богатство.

Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење. Жирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен Еврејски кварт; Фигерас – родното место на легендарниот Салвадор Дали, а денес дом на музејот со негови неверојатни уметнички дела.

Без разлика дали барате мирен одмор со семејството или авантура со пријателите, Коста Брава е дестинација која ги исполнува сите очекувања. Откријте ја убавината на каталонското крајбрежје и создадете незаборавни спомени!

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ДЕН. ( 25.04.2026 – САБОТА )             СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Директен лет за Барселона со редовна линија на Wizz Air во 18:00 часот. Пристигнување во Барселона во 20:50 часот по локално време. Шатл трансфер од аеродромот во Барселона до хотелот во некое од туристичките места на Коста Брава, превземање на собите. Вечера. Ноќевање.

2  – 7 ДЕН. ( 26.04 – 01.05.2026)            КОСТА БРАВА

Престој на база полу пансион (појадок и вечера) во хотелот со 4* во кој се престојува. Слободни денови за одмор, прошетки и индивидуални активности. Можност да се запознаете со оваа прекрасна област на Шпанија и да прошетате низ градчињата по обалата, или пак да фатите воз до срцето на Барселона и да го откривате непроценливото богатство на овој град.

За време на престојот вклучена е организирана придружна целодневна посета на Барселона со превоз од хотел. Разгледот започнува со панорамско запознавање со градот: булеварот Дијагонал, главната артерија што ја дели Барселона на источен и западен дел; Плоштад Каталонија, динамичната средишна точка каде што се спојуваат стариот и новиот дел од градот во чие продолжение се протега прочуената и секогаш живописна Ла Рамбла; споменикот на Колумбо, симболичната точка на неговото враќање од Новиот свет; модерното Олимписко пристаниште; импресивниот Плоштад Шпанија со Конгресниот центар; како и Националната галерија на Каталонската уметност, од каде се открива еден од најубавите погледи кон градот. Ќе го видиме и крајбрежниот дел со познатата плажа Барселонета, како и величествената Триумфална капија. Следува слободно време за индивидуални прошетки низ познатиот Готски кварт и Ла Рамбла, со можност за посета на шарениот пазар Mercat de la Boqueria. Во договорено време, трансфер назад до хотелот.

Дополнително, факултативно (со доплата на лице место) може да се пријавите на други тури и екскурзии:

  • Посета на Жирона и легендарниот музеј на Салвадор Дали во Фигерас.
  • Целодневен излет до Монтсерат – едно од најсветите, највпечатливи и најпосетувани места во цела Каталонија.
  • Фламенко шоу со вечера.
  • Крстарење со брод или Катамаран низ обалата на Коста Брава / Марезме.
  • Посета на забавен аква парк.

Повеќе информации и пријавување се врши кај претставниците на локалниот партнер во Шпанија.

8 ДЕН. ( 02.05.2026 – САБОТА ) БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ  

Појадок. Одјавување од собите според хотелските правила. Слободно време до трансферот од хотел до аеродромот во Барселона. Лет од Барселона до Скопје со Wizz Air во 21:35 часот, пристигнување во Скопје ноќта во 00:20 часот.

КОСТА БРАВА – Индивидуално
ХОТЕЛ 4* Полу Пансион + вода & вино
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ25.04.202602.05.2026
УСЛУГИ  Полу Пансион (Појадок + вечера)
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ7Ноќи / 8 Дена
ПРОМОТИВНА ЦЕНА по лице599 € / 37.138 мкд
 Доплата за еднокреветна соба235 € / 14.570 мкд
 Попуст за дете од 02-11,99 години во соба со 2 возрасни– 170 € / 10.540 мкд
 Попуст за 3то и 4то возрасно лице (доколку има можност)– 50 € / 3.100 мкд

Во цената е вклучено: 

  • Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје, со Wizz Air.
  • Аеродромски такси, 1 парче мал рачен багаж (40 х 30 х 20 цм).
  • 7 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера – вклучени вода / вино за вечера) во хотел со 4* .
  • Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно (трансферите се со шатл, придружни – детални инструкции за трансферите ќе ви бидат дадени од вашиот агент).
  • Целодневен разглед на Барселона со локален водич.
  • Организација на аранжманот.

Во цената не е вклучено: 

  • Патничко здравствено осигурување.
  • Чекиран багаж и/или “Wizz Priority”(информации во агенција).
  • Туристичка такса –  13,9 eur / 862 денари по лице (се плаќа во агенција)
  • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
  • Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)

Важни Забелешки:

  • Патувањето е осмислено за индивидуални патници, без придружба на водич – пратител.
  • Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
  • За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманоти копија од пасош.
  • Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
  • Еден хотелски ден, како резервираните услуги, најчесто се пресметува од 15:00 часот на денот на почетокот на патувањето до 10:00 часот на последниот ден од аранжманот, без разлика кога гостинот ќе влезе во хотелот. Секоја употреба на соби и услуги во хотелот пред преземање на собите или по одјавување може да биде предмет на доплата, директно на рецепција на хотелот.
  • » Датумот на почеток и завршување на патувањето, утврден со Програмата, не подразбира целодневен престој на патникот во сместувачкиот објект, односно дестинацијата. Времето на заминување или пристигнување на патникот, како и влегувањето или излегувањето од сместувачкиот објект, зависи од процедурите на граничните премини, состојбата на патиштата, дозволите од надлежните органи, техничките и временските услови или виша сила, кои можат да влијаат на времето на полетување на авионите и други транспортни средства, на кои организаторот не може да влијае. Затоа, организаторот не сноси одговорност за такви ситуации.
  • Програмата и редоследот на вклучени или факултативни разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на  патувањето го  задржува  правото, во случај  на промена на  цената  на превозот (авионските билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците.
  • Постои веројатност граничните служби на транзитните и дестинациските земји да побараат полиса за осигурување на границата/аеродромот. Организаторот на патувањето не може да биде одговорен за последиците во случај патникот да нема осигурување.
  • » Во случај на оштетување, доцнење или губење на багажот, веднаш контактирајте со претставникот на авиокомпанијата или персоналот на аеродромот (Lost & Found) за да побарате соодветна потврда (Damage или Property Irregularity Report).
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето.
  • За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Марина Травел