ВИЛА EVANGELIA – ЈЕРИСОС, АТОС, ХАЛКИДИКИ

DSC0197-scaled
DSC0196-scaled
DSC0195-scaled
242646818_1013241669464867_1340856558354687776_n
281371572_390844369626702_1153525348920060112_n
281440575_740281063653136_7899958961573576479_n
281738109_396725418850632_8265428524336001180_n-1
282317492_580172470285177_7394359728195574750_n
282346574_690839008877854_507334687661500341_n-2
282685212_1121533268695367_3344009907467991672_n
281861319_398722938804724_5004445715510659939_n
282685213_733881461088292_3384659466780876186_n
283284051_1669655480034083_4231161755420442073_n
283717021_1173328206832608_8655232910996297885_n-1
281613291_726402011814481_9212092642421251985_n
viber_image_2023-04-10_10-02-43-338
281837070_1173902736792845_2271891263179468391_n
viber_image_2023-04-10_10-02-43-508
viber_image_2023-04-10_10-02-43-659
viber_image_2023-04-10_10-02-43-782
viber_image_2023-04-10_12-08-22-380
viber_image_2023-04-10_15-36-15-499
281412899_521744072940663_4608444021278638566_n
281644782_7459260410781903_857526078970215585_n
281757949_3122733091309737_318454912939716996_n
281822630_966272567377045_6401242560940585886_n
282103762_706481360405596_4942010662509582458_n
282112008_402862395073994_5588042462399727249_n
282135982_571074564563802_3804529739149511211_n
282349656_676760343383803_331658105085660366_n
283435974_583443789780674_2034872554453319046_n
242275842_1556909878002014_526385773243897094_n
242542540_560629511852935_4799850241458480016_n
242511051_220744996771830_4888639352371810634_n
242626715_912153476175018_5422899084057160997_n
242709802_1253462705168603_8004913745566032197_n
281649678_1433373187095187_7113291819591670214_n-1
DSC0149-scaled
previous arrow
next arrow
DSC0197-scaled
DSC0196-scaled
DSC0195-scaled
242646818_1013241669464867_1340856558354687776_n
281371572_390844369626702_1153525348920060112_n
281440575_740281063653136_7899958961573576479_n
281738109_396725418850632_8265428524336001180_n-1
282317492_580172470285177_7394359728195574750_n
282346574_690839008877854_507334687661500341_n-2
282685212_1121533268695367_3344009907467991672_n
281861319_398722938804724_5004445715510659939_n
282685213_733881461088292_3384659466780876186_n
283284051_1669655480034083_4231161755420442073_n
283717021_1173328206832608_8655232910996297885_n-1
281613291_726402011814481_9212092642421251985_n
viber_image_2023-04-10_10-02-43-338
281837070_1173902736792845_2271891263179468391_n
viber_image_2023-04-10_10-02-43-508
viber_image_2023-04-10_10-02-43-659
viber_image_2023-04-10_10-02-43-782
viber_image_2023-04-10_12-08-22-380
viber_image_2023-04-10_15-36-15-499
281412899_521744072940663_4608444021278638566_n
281644782_7459260410781903_857526078970215585_n
281757949_3122733091309737_318454912939716996_n
281822630_966272567377045_6401242560940585886_n
282103762_706481360405596_4942010662509582458_n
282112008_402862395073994_5588042462399727249_n
282135982_571074564563802_3804529739149511211_n
282349656_676760343383803_331658105085660366_n
283435974_583443789780674_2034872554453319046_n
242275842_1556909878002014_526385773243897094_n
242542540_560629511852935_4799850241458480016_n
242511051_220744996771830_4888639352371810634_n
242626715_912153476175018_5422899084057160997_n
242709802_1253462705168603_8004913745566032197_n
281649678_1433373187095187_7113291819591670214_n-1
DSC0149-scaled
previous arrow
next arrow

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа “Evangelia“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 5 наши апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена  ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.

Апартман број 2 (1/4+1)втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет,  2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со кујна, која ги има сите потребни елементи. Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со опремена кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна,  има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.

Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети  во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 6 (1/3+1)– прв кат, простран апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на  терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба, 1 стандарден + 1 кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со постар мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.

1. Вонсезонски цени

* Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2,3,5 и 6

* Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4

2. Сезонски цени

* цена за наем на апартман

3. Вонсезонски цени

* Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2,3,5 и 6

* Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3.100 мкд. (50евра), еден правец 2.480мкд. (40евра)
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170  мкд. (35евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат  БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чистасостојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

Превоз:
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.