ВИЛА ALEXANDRA – КАЛИТЕА, КАСАНДРА, ХАЛКИДИКИ

454636391
454640452
454640661
454647553
454636721
454636839
454637063
454639629
454639197
454640183
454636239
454636566
454636391
454641010
454641091
454648421
454648072
454637624
454637965
454638086
454642060
454648778
366238578
454652445
366238793
454638212
454641599
454641795
454652770
454652988
454641195
366239194
454641466
454641091-1
454653788
454638437
454656494
previous arrow
next arrow
454636391
454640452
454640661
454647553
454636721
454636839
454637063
454639629
454639197
454640183
454636239
454636566
454636391
454641010
454641091
454648421
454648072
454637624
454637965
454638086
454642060
454648778
366238578
454652445
366238793
454638212
454641599
454641795
454652770
454652988
454641195
366239194
454641466
454641091-1
454653788
454638437
454656494
previous arrow
next arrow

40.074853, 23.445719

КАЛИТЕА претставува монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 320 км од Скопје, а 90 км од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL”. Во местото има продавници за кожа и крзно, сувенирници, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптеки, такси станици како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак и со Солун. Градот чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните, заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат, како и семејства кои сакаат вистинско уживање.

Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпробирливите патници и  располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на  Booking.

Студио бр. 1 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Студио бр. 2 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Студио бр. 3 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има два француски кревети.

Студио бр.4 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Студио бр. 5 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.Студио бр.7 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

1.Вонсезонски  цени

2.Сезонски  цени

3.Вонсезонски  цени

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3.100 мкд. (50евра), еден правец 2.480мкд. (40евра)
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 
Превоз:
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.