Некој од вас нема слушнато за Rixos Premium Belek?
Ако не знаете кој е, барем знајте дека го нуди најголемиот Аквапарк, нуди перформанс со делфини. Ова е ресорт кој се протега на голема површина и кој има највисоки стандарди на сервис од луксузните хотели во Анталија.
Положба
Хотелот е сместен во борова и лешникова шума долж Средоземното Море во Белек, на 45 km од Анталија и 35 km од меѓународниот аеродром во Анталија.
Сместување
Хотелот е реновиран во 2017 година.Располага со 700 соби и 60 Legendary апартмани. Сите соби имаат сопствено купатило со туш и када, фен за коса, клима, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалаци, енергетски пијалок, млеко, чоколадо, пиво, чипс се надополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, мермер и тепих на подот, балкон, LCD ТВ, сателитска ТВ и музички канали, WI – FI Интернет е бесплатен во целиот хотел и во собите.
Делукс соби (37 m², 50 поврзани соби и 6 соби за лица со попреченост (поглед кон море или градина, една соба, едно купатило, макс. 2+1 дете + бебе).
Фамилијарни соби (49 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Делукс фамилијарни соби (74 m²,една спална соба со голем дупли кревет, една дневна соба, едно купатило, макс. 4 лица+2 деца).
Делукс апартмани (73 m², со поглед кон море, една спална соба, една дневна соба, макс. 2 лица).
Супериор апартмани (94 m², една спална соба со француски кревет и купатило, една спална соба со два единечни кревети и купатило и една дневна соба, макс. 4 лица).
Legendary Suits Swim Up (64 m², сместени во градината околу езерото и реката, две спални соби, две купатила, макс. 4 лица – 15 соби се со директен пристап до базенот).
Legendary апартмани со поглед кон градина (64 m², сместен во градината околу езерото и реката, две спални соби, две купатила, макс. 4 лица).
Услуга
Услугата во хотелот е Ultra all inclusive 24 часа шведска маса во главниот ресторан People’s, барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница отворена 24 часа, свежо цеден сок за појадок, сладолед, Rixy ресторан за деца, À la Carte ресторани
Се доплата: услуга во соба, наргиле, павилјоните на плажа, доктор, СПА центар, телефон, факс, фотокопир, перење алишта, изнајмување автомобил, шопинг – Француска улица, чување деца, фризер.
Содржини
A la Carte ресторани: Piazzetta – италијанска кујна, Steak Ресторан – турска кујна, Mykorini – грчка кујна, Z’Asya – азиска кујна, специјална храна на барање (веганска, вегетаријанска, безглутенска).
A la Carte ресторани се со претходна резервација еднаш за време на престојот.
Плажа
Хотелот има приватна плажа долга 700 метри и широка 100м со две приватни пристаништа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни.
Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен само за возрасни отворен 24 часа, нов отворен базен покрај плажа (2002 m²), отворен базен со морска вода, еден дел од главниот базен се лади во текот на летото, а се загрева во зима.
Фитнес центар, сауна, турска бања, руска сауна, снежна соба, џакузи, тениски терени, сквош, кошарка, одбојка, теретана, качувачки зид, спортска академија (под раководство на 18 професионални тренери можност за крос фит, Зумба, јога, пилатес, Tai Chi и многу други, 24 часа на ден), Survivor Park.
Се доплата: СПА и велнес центар, сите видови на третмани за масажа и тело, центар за убавина, спортови на вода, часови за тенис, нуркање, компјутерски игри, Game центар, play station, американски и руски билијард, голф, Rixos хоби центар и куглање.
Постои специјален тим кој го организира вашиот одмор на најдобар начин. Во текот на денот разни активности, спортови, натпревари и во вечерните часови незаборавни претстави.
Во текот на летото има специјални организации како што се Beach Party, Gala Dinners, October Fest, French Street Rain Show – ефекти од дожд и грмотевици три пати на ден, фонтана шоу секој час по 5 минути од 08.00 – 23.00 часот, Show Center – со две меѓународни програми, неделно и музика во живо секој ден.
За деца и тинејџери постои Rixy Club, детско игралиште, детски базен, детски ресторан, мини диско. Game центар – за секоја соба 10 бесплатни токени за играње по пристигнувањето. Има бесплатен превоз и бесплатен влез во тематскиот парк „The land of Legends“ за гостите на хотелот.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЦЕНА ВО АГЕНЦИЈА