Обиди се да го задржиш здивот кога ќе се лизгаш на еден од 15-те огромни тобогани на аква-паркот. Дали имате сила да ги следите децата од бродот на пиратите “Вител”, па се до “Камикази”? Доколку имате прилика, има и еден мулти-тобоган за целото семејство. Доколку ви остане малку време, уживај и во плажата. Gural Premier Belek нуди многу забава во еден луксузен и комфорен амбиент, доколку сакате целосна промена од минатата сезона.
Gural Premier Belek е препознатлив по бројните ресторани, дел од незаменливиот концепт на Ultra All Inclusive аранжманот. За моменти на релаксација и спокојство упатете се кон пространата и чиста плажа, со удобни лежалки и поглед кој се претопува во длабочините на синото море. Со реновирањето во 2014 година и со имплементирањето на современата технологија за потребите на самите туристи, Gural Premier Belek ја одржа традицијата за рецeпетот на магична услуга за среќа на семејствата.
Сместување
Gural Premier Belek e горд на ултра луксузното сместување. Дуплекс собите се пространи (минимум 45м2) опремени со купатило со хидромасажа. Идеални за семејствата претставуваат семејните апартмани со две спални соби. За луксузната понуда за излез на безен изберете ги собите Pool Deluxe.
Ultra All Inclusive
Храната е најсилниот адут на Gural Premier Belek. 7 ресторани распространети на самото крајбрежје и покрај базените кои си ја предаваат штафетата еден на друг од појадок до вечера, отсликуваат одлични примери на турската и медитеранска храна. Свежите производи се подготвуваат во ваше присуство отсликувајќи вистинска уметничка презентација. Сладолед, освежителни пијалоци, алкохолни пијалоци со посебен квалитет, слатки, сезонско овошје сите тие претставуваат дел од целодневниот Ultra All Inclusive пакет ; во ресторан, на плажа, покрај базените како и во зоната на аквапаркот. Beach Bar & Pool Bar се соовршени за коктели и разговор со пријателите.
Храната во Gural е разновидна, свежа и со избрани специјалитети од Медитеранот и од светот. Производите на скара, сите сезонски овошја, ориенталните и модерните слатки, салатите месо од диви животни, суши и други азиски специјалитети. Snack рестораните нудат овошја, сладоледи, производи на скара, хамбургер, пити и мезињата се неодвоив дел од бифето на Gural Premier. За вечера често пати има гурмански специјалитети.
24 часа домашни и увозни освежителни и алкохолни пијалоци во баровите и рестораните
Kafe Lavazza во сите барови
Коктели и освежителни пијалоци на плажа, покрај базените и аква-паркот
Појадок се служи во бифето, во периодот од 07:00 до 11:30 часот
Ручек во бифе, во периодот од 12:30 до 14:00 часот
Вечера во бифе, во периодот од 19:00 до 21:30 часот
Night Restaurant служи во периодот од 23:00 до 07:00
Цеден сок од портокал во текот на целиот ден
Сладолед без ограничување
Слатки
Пијалоци во дискотека
Освежителните пијалоци се даваат во шишиња или лименки, додека алкохолните пијалоци во стаклени чаши
Во рестораните виното се нуди во шишиња и се служи на маса
Сите пијалоци се со висок квалитет
Свечените вечери покрај базените, забавите со пена на плажа ; уметничките перформанси на DJ настапите ќе ви го разубават денот и ноќта во Gural Belek.
Tениските игралишта, модерните фитнес центри, спортовите на вода и СПА центрите обезбедуваат бескрајни можности максимално да уживате за време на вашиот годишен одмор во рајот кој го носи имети Gural Premier Belek.
Аква Парк
Водниот парк зафаќа површина од 15.000 м2 и 20 тобогани во форма на тунели кои ве впиваат со нивната магија и ве упатуваат директно во безбројните базени на паркот: Space Hole; Black Hole, Tunnel Free Fall, Kamikaze адреналински стимулираат. Twister Yellow, Twister Blue Multislade ; Rafting Slide го забрзуваат вашиот пулс од возбудата што ќе ја доживеете.
Обожавателите на силните емоции ќе доживеат непрекинат наплив на адреналин во oвој огромен аква-парк кој го сочинуваат 5 базени, 8 тобогани без дно и врв за возрасни (Дупка во просторот, Црна дупка, Rafting, Multislide, Жолтиот Вител, Синиот Вител, Камикази, Тунел со слободен пад).
За децата од сите возрасти на располагање се 7 тобогани: Троделен октопод (3), Мини-тобогани (2), Зелен тобоган, Син тобоган и еден базен со песок за бебиња. Еден пиратски базен со мини-тобогани во форма на змија, желка и октопод се вистинска атракција за забава за децата. Занималните, базените со џакузи и другите многубројни атракции ја прават зоната на аква-паркот најомилениот дел од ресортот.
Скокнете. Фрлете се. Завртете се. Спуштете се од висините со брзина на молња. Плесни силно во водата и доживејте го вистинското задоволство. Во меѓувреме, не заборавајте да јадете и да пиете. Децата нема да можете да ги разделите од убавините на Пиратскиот брод , од плитките базени со мек песок и минитобоганите во форма на риби.
За забава – мини клубот Happyland
Натпревари; плејстејшн, музика, танц, препуштете ги вашите деца во просториите на мини клубот Happyland и овозможете си исполнет и среќен одмор.
Станува збор за детски клуб каде што децата се забавуваат од 10:00 до 23:00 часот под надзор на обучени негуватели. Претстави, трки, настани подготвени специјално за деца, креативни и квалитетни програми и мини-диско се неколку од можностите за забава кои им се нудат на децата во еден амбиент како од бајките.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЦЕНА ВО АГЕНЦИЈА