Термини: 07.01.2026, 19.01.2026, 02.02.2026…
12 ДЕНА
ПРОМО ЦЕНА ОД 1599 ЕВРА
РЕГУЛАРНА ЦЕНА ОД 1749 ЕВРА
Одиме во „земјата на насмевките“, во скапоцениот камен на Југоисточна Азија! Авантурата ја започнуваме од една од највозбудливите престолнини на светот – Бангкок (Bangkok) па ја продолжуваме со забава и уживање на плажа на еден од најегзотичните острови на светот, Пукет (Phuket)!
Има едно правило: Можеби прв пат си тука но сигурно не и последен, кој еднаш дојде во урбаната џунгла, се враќа сигурно повторно, без исклучок зошто тоа е Бангкок! Неопислив, луд, брз и привлекува како магнет, колку повеќе му се приближуваш толку потешко ќе се отргнеш. А на магијата не и се одолева…
Магијата на “Градот на ангелите”, како што Тајланѓаните го нарекуваат својот главен град, е полна со екстреми, освојувајќи го секој што ќе дојде пред се поради егзотичната мешавина на традиционалната опуштеност, гостопримливоста на Истокот и огромната гужва од повеќе од 11 милиони луѓе кои живеат во него.
Ако постои нешто што не смеете да го пропуштите при посетата на Бангкок, тоа се спектакуларните храмови, заслепувачки од злато и без никаква дилема највпечатливите симболи на градот. Преставуваат доказ за креативноста, имагинацијата, уметноста и духовни центри на кралството! Бангкок, не го чинат само храмовите, невозможно е овој џиновски циркус да се поврзе само со една работа како негов симбол. Тој е еден бескраен мозаик на облакодери, гужва, бучава.. Недалеку од Бангкок се наоѓа и пловечкиот пазар каде пазариме во духот на старите тајландски земјоделци со чамци низ зеленкастата вода..
Оттаму одиме на најголемиот остров на Тајланд – Пукет! Овој остров кој никогаш не спие е идеален за спектакуларен ноќен живот и забава до зори. Прекрасни бели песочни плажи, острови и живописна природа и едно од најегзотичните места на светот!
Тајланд е земја на контрасти, земја без граници.. Земја на бои каде дури и ветерот дува во посебна нијанса. Добредојдовте во царството на зачинета и вкусна храна. Земја со најубавите плажи на светот, топли и насмеани луѓе, чии насмевки зрачат со некоја добрина, спокојство. Земја во која ноќта и денот мирисаат на живот, вистински, а на моменти и филмски :). Егзотични дождовни шуми, тиркизно сино море, урбани градови и пусти острови, племиња и модерно население…
Самото име на земјата зборува за нејзината уникатност – „thai“ на тајландски значи слобода!
Тајланд со причина е една од најпопуларните дестинации во светот за патување и „патување кое не треба да го пропуштите во текот на животот“!
Хедонистички рај, земјата на насмевките и вечната слобода.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Храмот на Големиот Буда и Будистичкиот Храм Чалонг

Цена: 45,00 EUR
Ден резервиран за посета на Големиот Будаи будистичкиот храм Чалонг (Wat Chalong). Го разгледуваме Големиот Буда слушаме приказни за будизмот и културното наследство на Тајланд. Уживаме во најубавиот поглед од островот! Потоа го посетуваме будистичкиот храм Чалонг, каде ќе имаме можност да видиме будистички монаси, кои се заштитен знак на секој храм. Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на островот Karon.
James Bond островот и Нака Јаи

Цена: 55,00 EUR
Поаѓање во утринските часови и трансфер до пристаништето. Закуска и кафе додека добиваме вовед за претстојниот ден од локалниот водич. Одиме на Џејмс Бонд авантура со брод! Најпрво го посетуваме островот Панак (Panak), каде што со кану ќе започнеме да ја истражувате пештерата и ќе уживаме во убавината на заливот!
Продолжуваме до островот Џејмс Бонд или Као Тапу и Као Финг Кан. Овој мал остров т.е. карпа, станал популарен во 1974 година кога е снимен филмот ,,Човекот со златниот пиштол’’ James Bond 007.
Оттаму одиме на островот Панје (Koh Panyee) каде одмораме и ручаме, а по ручекот го истражуваме селото (Panyee Floating Village), традиционално пловечко село каде ќе прошетаме и ќе видиме како живеат локалците среде море.
Го посетуваме и островот Нака познат по својата прекрасна плажа со бел песок каде совршено ќе ни заврши оваа авантура. Од островот Нака, се враќаме во пристаништето во Пукет и трансфер назад до хотелот.
Во цената на излетот е вклучено: трансфер од хотелот до пристаништето и назад, возење со speed boat, возење со кану, ручек без вклучени пијалоци, преставник од агенцијата, локален водич.
Островите Пи Пи (Koh Phi Phi), Maya Bay и Коh Khai

Цена: 50,00 EUR
Поаѓање во утринските часови и трасфер до пристаништето. Пристигнуваме на архипелагот на островот Пи Пи, каде е сниман филмот “The Beach”. Го посетуваме заливот Маја (Maya bay), дијамант и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Пилеј лагуната (Pileh lagoon). Уживаме во капењето и тиркизното море. Поминуваме покрај Викингшката пештера (Viking cave) и слушаме приказни за древните пирати. Пристигнуваме на плажата на мајмуните (Monkey beach) каде постои можност да храниме мајмуни. Слободното време го користиме за нуркање во прекрасната тиркизна вода и пливање со рипчињата со необични бои. Пауза за ручек на Пи Пи Дон (Phi Phi Don). За крај го оставаме островот Каи (Koh Khai), хипи оаза, каде ќе се опуштиме со освежителни коктели и звукови на реге музика. Враќање во сместувањето во попладневните часови.
Во цената на излетот е вклучено: повратен трансфер до пристаништето, возење со брод, ручек без конзумација на пијалок, маска за нуркање, влезница за национален парк Maya bay, претставник од агенцијата, локален водич.
Similan Islands

Цена: 90,00 EUR
Similan Islands се можеби најимпресивната група на острови што можете да ја посетите од Пукет! Одиме на целодневна авантура на чудесниот архипелаг во Андаманското Море.. Главниот дел од архипелагот се состои од 9 острови, а ние ќе посетиме 2 или 3. Островот 1, Кох Ху Јонг, е познат по своите неверојатни карпести формации кои се протегаат од врвот на ридот до плажата и морето. Често Симилските острови се споредуваат со Сејшели заради ови карпи и чиста тиркизна вода. Погледот од карпите е прекрасен – кристално чиста тиркизна вода во необично убав залив. Пред нас е ден исполнет со прекрасни корали, корални гребени каде што ќе нуркаме, а околу нас често пливаат желки. Во цената е вклучено: превоз, ручек, опрема за нуркање.
Капење со слонови и плажата Naiharn

Цена: 60,00 EUR
Едно од најзабавните и најинтерактивните искуства поминати со овие нежни џинови! Авантура која никогаш нема да ја заборавиме! Си играме со слончињата, ги галиме, ги бањаме и уживаме во прекрасната плажа и живописна природа! Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на Пукет – Naiharn!
Bangkok City tour

Цена: 75,00 EUR
На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок и да се запознаете со оваа фасцинантна престолнина! Поаѓаме од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет – Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд.
Во цената на излетот е вклучено:
- Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
- Влезница за Wat Pho
- Влезница за Wat Arun
- Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
- Организиран превоз по предвидениот план и програма
*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.
Пловечки пазар и Train Market

Цена: 45,00 EUR
Поаѓање во утринските часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Сите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, го разгледуваме пазарот и купуваме!
Потоа одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои еден од најпознатите обележја на Тајланд – пловечкиот пазар! На околу 100 км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање назад во сместувањето во попладневните часови.
Во цената на излетот е вклучено: преставник од агенцијата, локален водич, организиран превоз по предвидената агенда, возење со чамец, влезници за сите локалитети.
СМЕСТУВАЊЕ
Zenseana Resort & Spa Phuket

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Zenseana Resort & Spa е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) на Пукет, Тајланд. Хотелот се наоѓа близу до најпозната плажа на Пукет — Патонг и 15 минути пешки од Bangla Road — најлудата улица на Пукет. Хотелот располага со руфтоп базен, спа и фитнесс центар, руфтоп chill зона, ресторан и бар. Се сместуваме во двокреветни соби (40m2) со сопствено купатило, сеф, електричен kettle, клима уред и телевозиор со сателитски канали.
Услугата е на база ноќевање со појадок,
Вебсајтhttps://www.zenseanaresort.com/index.php
Адреса147 Thanon Phrabarami
Pa Tong
Kathu District
Phuket 83150
Thailand
Twin Towers Hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Twin Towers Hotel е хотел со 3* (по локална категоризација) во Бангкок, Тајланд. Twin Towers Hotel е лоциран на еден од најинтересните и најдинамичните делови на Бангкок. Познат по својот ноќен живот со забавни хипи барови, ресторани, кафулиња. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сеф, клима уред, телевизор, интернет и сопствен тоалет.
Вебсајтhttps://www.thetwintowershotel.com/
Адреса88 Rama VI Rd
Rong Muang
Pathum Wan
Bangkok 10330
Thailand
ЏАНГЛ


