МАЛДИВИ PREMIUM АВАНТУРА

25.02.2026. – 06.03.2026.

10 ДЕНА

МАЛДИВИ ПРЕМИУМ АВАНТУРА
МАЛДИВИ ПРЕМИУМ АВАНТУРА
previous arrow
next arrow

РЕГУЛАРНА ЦЕНА 1649 ЕВРА

Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви – Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви… Замислете си и Хотел со 4* – Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Најважно од сé? Во цената на нашиот аранжман имате вклучени активности/излети кои прават перфектен баланс на одморот на Малдиви. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ – се плажираме на песочни дини – малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди… Одиме да пливаме со подводни желки и делфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи – сертифицирани “free” нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!

* ЗА ВРЕМЕ НА ИЗЛЕТИТЕ, НАШИТЕ ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРИ НОСАТ GOPRO И ЦЕЛО ВРЕМЕ НИ ПРАВАТ НЕВЕРОЈАТНИ ФОТКИ И ВИДЕО КЛИПОВИ. НА КРАЈ НА ДЕН, ИСТИТЕ СИ ГИ ПРЕВЗЕМАМЕ ОД РЕЦЕПЦИЈА.

Секој ден различна активност преку која ќе ги запознаете Малдиви на малку поинаков начин и комплетно ќе се заљубите во нив! Ако природата на самите острови воодушевува, подводниот свет ќе ве остави без зборови. Освен на факултативните излети, нуркањето ќе ви стане навика и кога ќе имате слободно време за плажирање.

Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање

Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје за Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Мале, Малдиви. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Ден 2: Пристигнување на Мале и трансфер до Маафуши

Пристигнуваме во Мале претпладне. Трансфер со брод до нашиот остров на Малдиви – Мафуши. Имаме организиран Traditional Tea Ceremony* за добредојде на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед и прекрасното зајдисонце. Тука одржуваме краток информативен состанок за подобро да се запознаеме, а и да ви ги раскажеме авантурите кои следат во наредните денови, да ве запознаеме со островот и да ви ја откриеме неговата магија! Попладневен check-in во собите. Островот Мафуши е еден од поголемите населени острови на Малдиви со околу 2.500 жители. Мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!

Ден 3: Тиркизна авантура

По појадокот земаме пешкири и опрема за нуркање од рецепција и одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Нè чека speed boat на локалното пристаниште и заминуваме на една вистинска тиркизна авантура*! Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце.

Ден 4: Sunset Fishing

Првиот дел од денот е слободен за уживање на плажа, шетање по нашиот остров, играње одбојка на плажа, серва и слично. Вториот дел од денот е планиран за Факултативниот излет – Sunset Fishing. Време е за дружење со Jungle екипата на зајдисонце опкружени со сината боја на Индискиот океан. По зајдисонцето искусете ноќен рибилов во малдивски стил, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви. А потоа нашиот кувар ни го спрема се тоа што сме уловиле за време на излетот, незаборавна вечера на плажа!!

Ден 5: Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип

Овој ден е можеби највозбудливиот, најочекуваниот и омилениот ден на повеќето наши патници! Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Но, и покрај тоа што не се опасни, адреналинот кој се чувствува додека влегуваме во вода само се зголемува кога се нурнуваме да пливаме меѓу нив. Буквално соочување со ајкула очи во очи. Веруваме дека тоа ќе биде најчесто прераскажувано искуство кое сте го доживеале. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Овој пат одиме на уште помал песочен насип кој изгледа буквално како нафрлен куп песок од неколку метри во ширина и должина сред отворен океан. Враќање во сместувањето на Мафуши.

Ден 6: Факултативен излет — Shipwreck Snorkeling

Ден резервиран за незаборавна авантура!!! Со брз-брод се упатуваме кон Vaavu атолот!! Започнуваме со нуркањето околу полупотонатиот брод познат како „REAL BREAK“. Бродот е опкружен со прекрасни рипчиња и шарени корали кои со текот на времето создале корален гребен околу потонатиот брод и внатре во него. По нуркањето, одиме на магичниот локален остров Thinadoo опкружен со тиркизната боја на Индискиот океан и нереална природа! Уживаме на плажата, пиеме кокос и одмараме под палмите. Пред враќање во хотел, имаме ручек на нашиот брод среде океанот. 

Ден 7: Возење со кајаци / СУП-ови, нуркање на коралниот гребен на Маафуши и вечера на плажа

Овој ден ќе го искористиме за многубројни активности во кои можете да се “пробате“ за време на нашиот престој на Малдиви. Се впуштаме во авантура, возење со кајаци или со SUP даски. Потоа одиме на нуркање на локалниот корален гребен на островот Мафуши. Тие што не се веќе заразени со нуркање, после патувањето на Малдиви, сигурно ќе бидат. Убавините на подводниот свет на Малдиви се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода. Вечерта ни е наменета за романтична вечера на плажа. Ѕвезди, свеќи на песок, тивка музика и убаво друштво.

Ден 8: Посета на островот Gulhi или Discover Scuba

Овој ден можете да изберете меѓу факултативните излети Островот Гули (Gulhi) или Discover Scuba. Недалеку од Мафуши се наоѓа островот Гули, кој има прекрасна бикини плажа и вистинско малдивско тиркизно море. Нуркаме во океанот, уживаме во неверојатниот пејзаж и се нишаме на познатата лулашка за да направиме незаборавни фотографии. Сите љубители на шарениот подводен свет на Малдиви, можат да се пријават на излетот Discover Scuba — прекрасно исксутво за сите кои сакаат да нуркаат за првпат. Оваа сертифицарана PADI програма Ве запознава со светот на нуркање — со инструкции на стручен инструктор нурнуваме во длабочните на Индискиот океан. За ова искуство не е потребно претходно искуство со нуркање.

Ден 9: Напуштање на сместувањето, Day Resort Visit, Мале City Tour и трансфер до Аеродром

Напуштање на сместувањето, а потоа следи уште еден ден за интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет – Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во слатното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга – вклучен ручек и пијачки за време на престојот. Се збогуваме со магичниот остров и слободно време до поаѓање. Трансфер со брод до Мале — добродојдовте во главниот град и модерното лице на Малдиви! Шарени згради, прекрасни кафулиња, ресторани и тиркизниот Индиски океан околу нас. Трансфер до аеродромот во Мале. Вечерен лет од Мале за Скопје, со преседнување во Истанбул. 

Напомена: Услугата (All Inclusive) во различните ресорти кои може да се посетат е секогаш различна. Истата ќе биде искомуницирана од водичот на лице место, кога ќе го знаеме името на ресортот кој би можеле да го посетиме како “day visitors”. Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на “day-visitors” и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден “Resort Visit” како факултативен излет.

Ден 10: Враќање и крај на патувањето

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Напомена: Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура).

Што е вклучено

Сместување

Arena Beach Hotel, Maafushi**** /  Пример  7 ноќи


Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер со брз брод од аеродром до сместување
  • Трансфер со брз брод од сместувањето до аеродромот
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × Вечера (услуга полу-пансион) , 7 × Континентален појадок


Останато

  • Пакет факултативи/активности на Малдиви

Не е вклучено

  • Опционална доплата од 80-100 ЕУР по лице за SEAVIEW ROOM – соби од повисока категорија со поглед на океан.
  • Задолжителна доплата за Green Tax. Туристичка такса која се плаќа при доплата на аранжманот кај нас во канцеларија. Истата изнесува 46 ЕУР (околу 6.5 ЕУР дневно по лице).

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

  • ПОСЕТА НА SANDBANK (ПЕСОЧЕН НАСИП) ПРЕКУ ДЕН – НАЈЕГЗОТИЧНАТА “ПЛАЖА“ ШТО НЕКОГАШ СТЕ ЈА ВИДЕЛЕ!
  • МАЛЕ CITY TOUR
  • НАБЉУДУВАЊЕ НА ДЕЛФИНИ!
  • НУРКАЊЕ НА КОРАЛНИОТ ГРЕБЕН BIYADHOO – ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НА МАЛДИВИ! 
  • НУРКАЊЕ СО ПОДВОДНИ ЖЕЛКИ
  • ВОЗЕЊЕ СО КАЈАЦИ / SUP ДАСКИ
  • НУРКАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОРАЛЕН ГРЕБЕН (МАФУШИ)
  • РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА НА ПЛАЖА (ПАТНИЦИТЕ СО ПОЈАДОК ДОПЛАЌААТ 14$ ПО ЛИЦЕ ЗА ВЕЧЕРАТА)
  • НАБЉУДУВАЊЕ МАНТА-РАЖИ!
  • ТРАДИЦИОНАЛЕН TEA CEREMONY!
Sunset Fishing

Цена: 40,00 USD

Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип

Цена: 60,00 USD

Shipwreck Snorkeling & Island Getaway

Цена: 80,00 USD

Discover Scuba

Цена: 75,00 USD

Островот Gulhi

Островот Gulhi

Цена: 20,00 USD

Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort).

Цена: од 115,00 USD до 145,00 USD

Arena Beach Hotel, Maafushi

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Arena Beach е дефинитивно најдобриот хотел на Мафуши, Малдиви. Сместувачки објект кој располага со двокреветни и трокреветни соби. Хотелот се наоѓа на прекрасна плажа со бел песок и тиркизна вода на океанот, сопствени лежалки – бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот нуди и бесплатна опрема за нуркање и пешкири за плажа, достапни секој ден, за секој гостин на хотелот. На кровот на хотелот има и infinity pool достапен за гостите. Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок или појадок и вечера (полупансион).

 Вебсајт http://www.arenabeachmaldives.com/

 АдресаZiyaaraiy Magu Road
Maafushi 08090
Maldives