HOTEL PLANINKA****

КУРШУМЛИСКА БАЊА

hotel-planika-kurshumliska-banja-recepci-a-41529
hotel-planika-kurshumliska-banja-recepci-a-41530
hotel-planika-kurshumliska-banja-spa-41534
hotel-planika-kurshumliska-banja-spa-41532
hotel-planika-kurshumliska-banja-spa-41533
hotel-planika-kurshumliska-banja-soba-41531
previous arrow
next arrow
hotel-planika-kurshumliska-banja-recepci-a-41529
hotel-planika-kurshumliska-banja-recepci-a-41530
hotel-planika-kurshumliska-banja-spa-41534
hotel-planika-kurshumliska-banja-spa-41532
hotel-planika-kurshumliska-banja-spa-41533
hotel-planika-kurshumliska-banja-soba-41531
previous arrow
next arrow

Куршумлиска Бања е сместена на околу 450 м надморска височина, во котлината на реката Бањска. Се наоѓа на 272 км од Белград, 73 км од Ниш, 78 км од Крушевац и 11 км од Куршумлија.

Куршумлиска Бања е позната по широкиот спектар на различни термоминерални води чии температури се движат од 14°C до завидни 67°C. Термоминералната вода која се користи во медицинскиот блок на хотелот “Планинка” и базените припаѓа на категоријата високо минерализирани, слабо-кисел натриум, хидрокарбонатни хипертеми. На гостите, во рамките на лекувањето, им е достапна и лековитата кал, направена во комбинација со термалната бањска вода, чиј изразен терапевтски ефект благотворно делува на ревматски заболувања.

 Благодарение на уникатните карактеристики на термоминералните води, балнеолошките сознанија и медицинските истражувања, утврдени се следните индикации за лекување во Куршумлиска Бања:

  • Воспалителен ревматизам: ревматоиден артритис (фаза на ремисија), Бехтерева болест (почетен стадиум)
  • Дегенеративен ревматизам: спондилоза (осификација) на вратниот и лумбалниот дел од ‘рбетот, дискарртроза, дискус хернија со или без радикулопатија (пр. лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија), гонартроза, коксартроза, остеоартроза на мали зглобови на рацете и нозете
  • Екстраартикуларен (вонзглобен) ревматизам: фиброзитис, тендинитис, бурзитис, епикондилитис („тениски“ и „голферски“ лакт)
  • Метаболички болести на зглобовите и коските: остеопороза, гихт
  • Сите видови спортски повреди
  • Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем (состојби по вградување на вештачки колкови и колена).
Wellness ден подразбира:Лекарски прегледи кај дежурни лекари за време на престојот;Здравствена контрола од лекар: 24-часовна лекарска служба во хотелот,  изработка на отпусна листа;Сместување во стандардна двокреветна собаИсхрана на база полупансион (појадок и вечера, шведска маса)Користење на отворен и затворен базен и детски базениКористење на сала за забава (пинг-понг, билијард)Користење на теретанаКористење на детска игротека❖ Користење на велнес центар „Бањска“Комплекс од 8 базени со термална водаСаунаСолена собаПарна бањаЛадна пештераТепидариумиКнеип патекаСоба за релаксацијаМедицински ден подразбира велнес ден + 4 терапии дневноЕлектротерапија (дијадинамик, интерферентни струи, TENS, стимулатор за  мускули, солукс ламба)Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања)Апликација на лековита кал (до две апликации)Хидрокинезитерапија❖ Сите терапии се спроведуваат по препорака на лекар и по лекарски преглед
❖ Терапиите ги одредува бањскиот лекар според индикациите, а се изведуваат секојдневно, вклучувајќи викенди и празници

ДОПЛАТИ

  • Еднокреветна соба: 10 € дневно.
  • Престој во комфорт соби: 6 € по лице дневно.
  • Престој во апартман: 14 € по лице дневно.
  • Деца до 7 години престојуваат бесплатно, од 7-10 години плаќаат 50% од наведените цени со придружба на две возрасни лица.